ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Посета на сеидба

Во рамките на Проектот Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ на ден 10.10.2017год. по покана на родителите Јулијана и Љупчо Крстевски учениците од трето а и б одделение, заедно со одделенските наставници Ленка Пешевска, Благица Секуловска, Валентина Славковска и Драган Печевски ги посетија површините на РЕ Романовце, кои припаѓаат на компанијата Диме ДОО од Скопје.

Целта на посетата беше запознавање на учениците со механизацијата која се користи за сеидба на пченица, самиот процесот на сеидба, како и  останатите процеси при производството на пченица.

По запознавање на учениците со процесот на сеидба, беше посетен стопанскиот круг на Диме ДОО во с. Романовце. Овде учениците се запознаа со другата механизација која се користи за припрема на површините за сеидба (плугови, ѓубрерастурачи, валци, дискови и клинести брани), а посебно со комбајните кои се користат за прибирање (жетва) на пченицата.

Покрај тоа, учениците ги разгледаа и силосите за зрно во склоп на РЕ Романовце, кои се користат за складирање и чување на зрното од пченица или други зрнести култури (пченка, јачмен и сл.).

На крајот на посетата учениците ги посетија и канцелариите на компанијата каде имаа освежување и дегустирање на дел од производите од Пекарата Фурна Диме.

Мултимедија: