ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Посета на Аеродромот „Александар Велики“

На ден 31.10.2017 година учениците од трето а и трето б одделение, заедно со одделенските наставници Ленка Пешевска, Благица Секуловска, Валентина Славковска и Драган Печевски го посетија Аеродромот „Александар Велики“.
Целта на посетата беше проширување на знаењата за воздушниот сообраќај и запознавање со основните принципи и вработени во оваа институција.
Од страна на вработените учениците се запознаа со работата на аеродромот, просториите во него, ја посетија пистата и имаа можност од блиску да ги видат авионите. Вработените ги запознаа со протоколот за контрола при влез на писта, царинската служба, а родителот Игор Јаневски ги запозна и со улогата и задачите на противпожарната служба на аеродромот.
Учениците беа исклучително среќни и задоволни од остварената посета.
Мултимедија: 
Активности: