ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Еднодневна екскурзија со воз

На 28.05.2018 г. учениците од III а и  III-б  одд. заедно со нивните наставници Ленка Пешевска, Благица Секуловска, Валентина Славковска и Сузана Танева реализираа патување со воз на релација Скопје – Велес – Скопје, како и прошетка низ Велес.

Во овој период по предметот општество се изучува темата Сообраќај. Учениците преку оваа посета на железничката станица и патувањето со воз имаа можност во пракса  да се запознаат со возот како превозно средство, да ги прошират своите знаења за железничкиот сообраќај и професиите (кондуктери, машиновозачи и вработени лица во МЖ Транспорт АД Скопје) врзани за истиот. Воедно беше реализирана и прошетка низ градот Велес и запознавање со неговите позначајни обележја.

Еднодневната екскурзија со воз беше во насока да се поттикнат учениците да се активираат и да бидат носители на позитивни општествени промени.

Голема благодарност до сите вработени од Македонска железница кои ни беа љубезни домаќини во текот на посетата и патувањето.

Мултимедија: 
Активности: