ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Ден на планетата Земја

ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА ПОДИГАЊЕ НА ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ Одржана на 22.04 2019 - понеделник Традиционалната велосипедска трка се одржа по повод одбележувањето на 22 Април - Ден на планетата Земја, во реализација на објект „Калинка“, нас. Железара, под покровителство на градоначалникот на општина „Гази Баба“. Трката започна во 10:30 Учество земаа дечињата од објект „Калинка' од сите возрасни воспитни групи, заедно со нивните воспитувачи. Од реквизити беа користени, вртелешки и тротинети за помалите, и велосипеди за повозрасните дечиња. Во завршниот дел на манифестацијата, учество во трката земаа и првачињата од Ia и Iб одд; учениците од IIa и IIб одд; како и учениците од IIIодд. при „ООУ Г. Прличев“ - Железара, заедно со нивните одделенски наставници.
Мултимедија: 
Активности: