ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Едукација, интеракција и реализација „Чиста Вода за Нашите Деца“

Во нашето училиште поставена е чешма со филтри за прочистување на водата.

Овој проект е со бенефит на сите инволвирани во образовниот процес,  во градинките и училиштата во општина Гази Баба.

„ Децата се нашата заедничка цел,  заедно можеме да им ги пренесеме здравите навики за подобра иднина. “

За нашата иднина,

За нашите најмили,

Учениците од ООУ „Григор Прличев“ четврто одделение, беа дел од проектот: Едукација, интеракција и реализација „Чиста Вода за Нашите Деца“. Инвеститор: Општина Гази Баба,

    Едукативен час за водата адаптиран на возраста преку интерактивно предавање:

  • запознавање на децата со водата и нејзината важност
  • интерактивно креирање слогани и пароли во насока на вклученост на децата во проектот
  • подигнување на свесноста за користење на водата
  • запознавање со предностите од чистата вода и нејзината употреба.

    Опремување на „Катче за Чиста Вода“ со картолини и постери креирани со слогани од интерактивниот час.

    Поставување пулт за чиста вода со садопер, чешмички за точење и вграден филтер за вода со минерализатор.

Мултимедија: