ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Еднодневна прошетка до Парк шума Гази Баба

На ден 01.10.2019 (вторник) ООУ Григор Прличев организираше еднодневна прошетка во Парк шумата Гази Баба за учениците од 1-во до 9-то одделение. Поаѓањето започна според предвидениот термин во 08:30 часот. Учениците подредени во парови по двајца заедно со својот одделенски наставник наредени редоследно од 1-во до 9-то одделение се движеа по претходно одредената рута. Околу 09:00 часот учениците и наставниците пристигнаа во Парк шумата Гази Баба и секое одделение заедно со својот класен наставник се сместија и по кратко време поголемиот дел од учениците придружени со дел од наставниците започнаа спортски игри. Останататиот дел од учениците го користеа слободното време за прошетка и за друг вид на игри и активности. Во 12:30 часот започна враќањето кон училиштето кое се одвиваше по истата рута.
Мултимедија: 
Активности: