ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Есен во Гази Баба - 1 ден

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ЕСЕН ВО ГАЗИ БАБА“
ПОД НАСЛОВ „ЕСЕЈ ВО ЕСЕН”
По пeтти пат нашето училиште беше домаќин на литературната манифестација „Есен во Гази Баба”. Манифестацијата се оддржа во два дена. На 30 октомври во неолитскиот локалитет Тумба Маџари имаше средба на наградените ученици и наставници-ментори за есеј со писателите и читање на наградените и пофалените есеи и лични литературни творби на присутните писателите: Горјан Петревски, Васил Тоциновски, Вера Андон, Ванчо Полазаревски, Стојан Арсиќ. Кратко предавање за серенадата од проф. Веле Крстески и исполнување на неколку серенади. Потоа имаше прошетка во Парк-шумата Гази Баба и посета на местото каде се претпоставува дека поетот Блаше Конески ја напишал песната Скопје.
Мултимедија: 
Активности: