ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Logo predna 2026

„Есен во Гази Баба“ 2022

8. Книжевна манифестација
„ЕСЕН ВО ГАЗИ БАБА“ /
конкурс: „ЕСЕЈ ВО ЕСЕН“
 
Општина Гази Баба, генерален покровител, Сојуз за грижи и воспитување на децата на Македонија, коорганизатор и ООУ „Григор Прличев“, домаќин на 8. Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“, по повод 3 Ноември – Денот на Општината, го објавуваат редовниот Конкурс за основните училишта на ниво на Град Скопје „Есеј во есен“. 
Насока: 
(Конкурсот „Есеј во есен“ не е тематски врзан само со годишното време есен, туку е временски, според одржувањето на Книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“, а се именува според сродноста на зборовите по звучност, преку стилската фигура параномазија што подразбира значенско зближување на формално слични зборови. Темата е по слободен избор, а тоа значи дека може, а не мора да биде врзана со есента.)  
Историјат на есејот: 
За разлика од другите книжевни видови, за есејот се знае дека се појавил во Март 1571 г., од тогаш младиот, но, идниот голем француски писател Мишел де Монтен (1533 – 1592), кој почнал да објавува есеи, а четврт век подоцна, во Англија и Францис Бекон (1561 – 1626), се огласил со прекрасни есеи, каде што, во 1603 г., се превеле и есеите на Монтен. Така се создавал нов книжевен вид кој во текот на столетијата добивал автентична форма именувана како – ЕСЕЈ. Но, сепак, оној на Монтен е најтипичен и со сите тематски предизвици: вистината, слободата, омразата, соништата, учтивоста и животот, воопшто, применувајќи ги расположливите средства: кратка реченица, полетни и звучни зборови, цитати, алузии, психолошки нијанси, духовитост, хумор, фантазија, лирика. 
Пропозиции: 
– На конкурсот можат да учествуваат ученици од петто до деветто одделение од основните училишта на Град Скопје. 
– Есеите не покуси од 700, а ни подолги од 1000 збора. Доставата е електронска на e-mail: esenvogazibaba@yahoo.com најдоцна да 15 Октомври 2022 г.
– Најдобрите есеисти, избрани од жирито, ќе добијат дипломи, а двајца од нив со своите ментори, ќе бидат гости на тридневниот поетски фестивал „Детски лирски треперења“ во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во Мај или Јуни 2023 г. во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид. (Сојузот го покрива престојот, а патните трошоци за ученикот и менторот се на сметка на училиштето). Наградените ќе другаруваат со млади поети од други места и градови и со познати автори за деца и млади, а нивните есеи ќе бидат објавени и во алманахот на Фестивалот. 
 
8. Книжевна манифестација 
„Есен во Гази Баба“ 2022
(координатор: Горјан Петревски)
ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе