Есенски слики

Смуртено небо

со темно-сива боја,

ja разлеале облаците

росата своја, сива.

 

Со секое ново утро,

со секоја нова зора,

сонцето се крие

во блиската гора.

 

По гранките плодот

жолто-златен зрее,

како да ќе падне

од ветрот што силно вее.

 

Последна птица

на прозорец долетува

и кон топол

југ полетува,

 

На гранка сув и последен

лист се злати

сака последен

поздрав есенски

тој да прати.

 

                                                             Евгенија Бабалеска VIIa одд.

Активности: