Свечен прием на првачиња и вторачиња
На 11.12.2015год. во училишната библиотека при Основното Училиште „Григор Прличев“ Скопје, се одржа свечен прием на првачињата и вторачињата. Приемот се одржа во присуство на директорката на училиштето Сузана Танева, писателот Горјан Петревски, одделенските наставници Валентина Славковска, Ива Количев, Христина Јанева како и библиотекарот на училиштетото и предметен наставник Андриана Митевска.
Манифестацијата се одвиваше во неколку етапи:
1. Доделување на членски книшки;
2. Подарување на книги од едицијата „Пикси“;
3. Изложба на детски илустративни книги, прилагодени според возраста на учениците;
4. Дружење со писателот Горјан Петревски при што учениците одблиску се запознаа со неговата творечка дејност.
Со тоа и заврши манифестацијата со една заедничка порака: „Книгата е непресушен извор на знаење!“
Пет, 11/12/2015