„Голем одмор“ МРТВ
„Голем одмор“ е секогаш за нас предизвик, па и овој пат бевме нивни гости, ние малите вторачиња и учениците од трето и петто одделение од нашето ОУ „Григор Прличев“. Денес ни беше предизвик едукативното и креативното катче, преку кое ги истакнавме нашите умеења, вештини и знаења, за подготовка на интересни изработки, преку кои ја доловиме зимата, Новата Година и Новогодишните радости. Подготвивме и кореографија со која се обидовме Новата Година и Новогодишните радости денес да ги претвориме во магија.
Ви посакуваме волшебни НГ празници!
Вто, 22/12/2015