Прием на првачиња во новата учебна 2016/2017 год.

На 01.09.2016 – четврток, во просториите на ООУ „Григор Прличев“, односно во главниот хол се одржа пригодна програма по повод приемот на првачиња во новата учебна 2016/2017 год.
За таа цел холот беше украсен со балони, паноа и  весели, цветни елементи подготвени од одделенските раководители на второ одделение Валентина Славковска и Ленка Пешевска одговорни за естетското уредување на истиот, а за првачињата и родителите беше обезбеден простор со клупи и столчиња за попријатно доживување на исклучително важниот настан во нивните животи – првиот училиштен ден.
Одговорниот наставник, Сузана Аксеновска Димовска – одделенски раководител на петто одделение во соработка со останатите одделенски раководители и ученици од трето и петто одделение подготви неколку пригодни точки, односно две ритмички вежби во изведба на ученички од горе наведените одделенија, една драматизација со тематика карактеристична за секое семејство во кое има првооделенче и убава стихотворба за значењето на книгата и знаењето во понатамошниот развој на учениците.
На приемот освен родителите и децата – првачиња беа присутни и наставници од  одделенска настава со неколку свои ученици кои заедно придонесоа за повеселата и порелаксирачка атмосфера на настанот.
По изведбата на нaведените точки, одделенските раководители на прво одделение Славица Мојсоска и Николета Нестор пристапија кон прозивка/читање на имињата на учениците, поделба на беџовите и симболично честење со чоколадни бонбони и подароци за првачињата. Учениците заедно со одделенските раководители за прв пат влегоа во својата училница, а потоа и нивните родители.
Во добро и весело расположение по одреденото време го напуштија училиштето со честитки и желби од целокупниот кадар, за весело, среќно и безбедно прeстојување во следните училишни денови.
Активности: