Одбележување на Детска недела 2016
По повод Детската недела, во периодот од 03.10.2016 – 07.10.2016 година, во нашето училиште беа реализирани низа активности посветени на детето: на класниот час на 03.10.2016г. сите класни раководители ги запознаа своите ученици со одредбите од Конвенцијата за правата на децата, беа одржани работилници посветени на правата и должностите на децата, членовите на Ученичката заедница делеа вредносни маркички, а во училишниот хол беа поставени паноа каде беа истакнати Правата на децата.
Последниот ден од неделата посветена на децата се одржа културна манифестација на која учениците од II и III одделение се претставија со ритмички точки и рецитали и на која се изврши прием на првачињата во Детската организација, каде тие го дадоа своето ветување, добија детски пасош и станаа членови на Детската организација.
Одговорни наставници за приредба за Прием на првачињата во Детската огранизација: Ленка Пешевска и Благица Секуловска.
Одговорни наставници за уредување на училишниот хол по повод Детската недела: Христина Јанева и Лили Подолешова.
Саб, 08/10/2016