Есен во Гази Баба
Литературно творење на тема „Eсен“– беше активност во рамки на една, од двете мултикултурни работилници, кои беа претставени во рамки на манифестацијата „Есен во Гази Баба“, која се одржа во основното училиште ООУ: „Григор Прличев“ во општина Гази Баба, кон крајот на октомври. Во активностите беа вклучени наставници и ученици од двете училишта: ООУ „25 Мај“ и училиштето домакин ООУ: „Григор Прличев“.
Учениците беа запознати со целите на работилницата и беа групирани во парови. Секој ученик домаќин, имаше гостин. Под менторство на наставниците: Христина Јанева, Сузана Курбардовиќ и Aјдар Сејдиу, работеа најразлични активности а најмногу ги споделуваа убавите мисли за есента. Нивните инспирации ги преточија на хартија - преку извонредни кратки есеи и песни за есента, разменуваа искуства и впечатоци од детските случки доживувања во есен, и напишаа пораки за есента.
За крај изработија репрезентативно пано на кое беа истакнати сите нивни творби. Паното беше изложено во училишниот хол. Крајниот продукт беше и наша заедничка цел. Сите учесници во работилницата беа целосно посветени на реализација на поставените задачи. Идеите потекнуваа од сите учесници, и се преточуваа во готови продукти а тоа беа нивните литературни творби, што беше и една од целите на работилницата. Дружењето, соработката, креативноста, почитувањето и учењето на јазиците, беа нераскинлив декор од прекрасната атмосфера за време на заедничката работа.
Саб, 29/10/2016