Посета на археолошки локалитет Тумба Маџари
Учениците од прво и второ одделение заедно со одделенските наставници при ООУ “Григор Прличев” – Скопје, беа во посета на археолошки локалитет Тумба Маџари во скопската населба Маџари.
Учениците уживаа во приказните кои им беа раскажани од вработените на малата височинка – Тумба, локалитет кој претставува населба од неолитското време.
Шетајќи во просторот ги разгледуваа објектите и модели на куќи, остатоците од огништа, печки и многу голем број предмети од материјалната култура, керамичките садови и беа анимирани со едукативни содржини.
Во куќите беа презентирани предмети во копии од секојдневниот инвентар на неолитскиот човек со изложени реконструкции, меѓу кои: разбој и жена што ткае на него, макета на жена - грнчарка што изработува керамички садови и макета на дете, модел на маж кој изработува камени алатки.
Вто, 28/3/2017