Учество на обука

Учество на обука
Примена на списанијата за деца во воспитно-образовниот процес
 
На 29 јануари, во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје, се одржа обука на тема: Примена на списанијата за деца: Росица, Другарче, Развигор и Наш свет во воспитно-образовниот процес.
Организатори на обуката беа Филозофскиот факултет (Институт за педагогија при УКИМ) и Просветно дело. Оваа обука е резултат на вмрежувањето на институции со повеќедецениска традиција и меѓусебна соработка, како што се Филозофскиот факултет и Просветно дело. Обуката ја реализираа: проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Јасмина Делчева – Диздаревиќ, проф. д-р Елизабета Томевска – Илиевска и проф. д-р Алма Тасевска. Целта на обуката беше да се потенцира важноста на примената на списанијата за деца во издание на Просветно дело во воспитно-образовниот процес. Стана збор за дидактичко-методските, педагошките и естетските аспекти на списанијата, нивното значење во контекст на литературата за деца и начините за нивна практична примена во наставата. Обуката ја проследија наставници, педагози и директори од основните училишта од цела Македонија.
Од ООУ „Григор Прличев“, Скопје, присуствуваа:
  • одделенски наставници: Благица Секуловска, Славица Мојсоска и Билјана Кузевска,
  • училишен педагог: Елена Трипуновска,
  • училишен библиотекар и предметен наставник по македонски јазик: Татјана Силјаноска Гочкова и
  • директорот на училиштето: Сузана Танева.
Активности: