Одбележување на ДЕТСКА НЕДЕЛА 2019
Во периодот од 7-10.10.2019 година во нашето училиште со низа активности беше одбележана Детската недела 2019, која оваа година беше водена под мотото „Имаме право на среќно детство!“.
На 7.10.2019 година на класниот час сите класни раководители ги истакнаа одредбите од Конценцијата за правата на детето со што беше одбележан Светскиот ден на детето.
На часовите беа изработувани хамери и изработки со правата и обвските на децата, а и училишниот хол беше соодветно уреден од учениците од одделенска настава.
На 10.10.2019 година од учениците од одделенска настава беше организиран свечен прием на првачињата во Детската организација во рамките на кој првачињата го дадоа детското ветување.
Оддговорни наставници:
Благица Секуловска
Сузана Танева
Светлана Николовска
Соња Мицевска-Тоточевска