Учество во натпревар по кодирање
На 12.12.2019 година во ИноФЕИТ - Центарот за технолошки развој и иновации во кампусот на техничките факултети во Скопје се оддржа финалниот натпревар во кодирање 2019 под организација од страна на Британскиот совет. На овој финален натпревар учество изборија 17 основни општински училишта од Република Македонија од вкупно 62 претходно пријавени основни општински училишта.
Проектот „Симулација на раскрсница“ на нашиот тим за кодирање под менторство на наставниците Тоше Столески по предметот географија и Дарко Ангелов по предметите математика и физика го освои 4-то место од вкупно 17 учесници во финалниот натпревар.
Членови во тимот на кодирање кои го изработија овој проект се: Горазд Петковски, Михаил Кузмановски, Марко Николовски, Максим Станоевски и Мирон Илиески од 9-то одделение, Тео Цацановски и Филип Милевски од 8 одделение и Лука Илиески, Никола Тушевски, Иван Маринковиќ и Антонина Миланова од 7 одделение.