Денот на победата над фашизмот

Светскиот ден на победата над фашизмот - 9-ти мај

На денешен ден на 9-ти мај 1945, неколку минути по полноќ и официјално заврши Втората светска војна, најголемото зло на човештвото. Во војната учествувале 61 земја  со вкупно 2,1 милијарда жители или 96% од светското население. Во виорот на војната загинаа 50 милиони лица, од кои 30 милиони цивили, а само во нацистичките логори беа убиени 12 милиони луѓе.
Актот за безусловна капитулација на Третиот рајх во име на Врховната команда го  потпишаа фелдмаршалот Вилхем Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург додека од страна на сојузниците своите потписи врз документот ги ставија рускиот маршал Георгиј Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.
Со овој чин заврши најстрашната војна во Европа, а нацистичка Германија која на 1 септември 1939 год. ја започна војната со нападот на Полска, престана формално да постои како оружена сила.
На Далечниот Исток војната заврши дури на 2 септември 1945 год. кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото  оружје, атомската бомба.
Aко фашизмот беше најголемото зло што го снајде човештвото, тогаш обединувањето на Европа е најуспешниот проект на дваесетиот век.

Презентацијата можете да ја погледнете на следниот 

Активности: