Посета на Меѓународниот аеродром Скопје
Во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на ден 12.10.2022г. по покана на родителот Марјан Прпоски учениците од петто а и петто б одделение го посетија Меѓународниот аеродром Скопје.
Целта на посетата беше продлабочување на знаењата за воздушниот сообраќај и запознавање со начинот на фукционирање и работата на вработените во оваа институција. Во текот на посетата родителот Марјан Прпоски најпрво ги запозна учениците со историјата на воздухопловството во Македонија и начинот на кој денес функционира земниот и воздушниот дел од аеродромот.
Учениците имаа можност преку непосредна симулација да се запознаат со протоколот за контрола при влез на писта, царинската служба, а при посетата на пистата имаа несекојдневана можност од блиску да присуствуваат на слетување на авион. Исто така имаа можност да се запознаат со улогата и задачите на противпожарната служба на аеродромот.
Благодарност до родителот Марјан Прпоски и вработените од Меѓународниот аеродром Скопје за прекрасната организација и одличниот пречек на нашите ученици.