Робот С.Т.О.Ј.Ч.Е.

На наше големо задоволство на ден 11.11.2022 година во нашето училиште беше презентиран Роботот С.Т.О.Ј.Ч.Е.

Роботот е изработен од група на ученици од средно обрзование во која учествуваше и нашиот поранешен ученик Горазд Петковски.

Роботот собира јаглеродни честички и ги складира во контејнер, имено тој може да ги складира сите јаглеродни атоми во трајно складирање.

На натпревар од светски размери по роботика во Женева, Швајцарија на настанот First Global Challenge роботот С.Т.О.Ј.Ч.Е. освои престижно трето место.

Се радуваме на успесите на нашите ученици.

Ментор на средбата беше наставничата по физика Мартина Христова.

Фотографиите и видеата можете да ги погледнете на следниот линк: