Тридневна научно-наставна екскурзија

Деветтите оделенија заедно со класните раководители, Мартина Христова и Фросина Димитровска, реализираа тридневна научно-наставна екскурзија со посета на локалитетот Стоби, "Могила на непобедените" во Прилеп, "Меморијалниот музеј на Тодор Проески" и разгледување на градот Крушево. Престојот во Охрид го искористија за посета на Свети Наум, Самоиловата тврдина, Плаошник, Канео, Света Софија и Охридската чаршија. Третиот ден ги посетија Вевчанските извори и манастирот св. Јован Бигорски. Продлабочувањето на знаењата за Македонија и меѓусебната дружба на учениците ќе им останат во убави сеќавања.


 

Активности: