Настава во природа

Во периодот од 9-12.05.2023 година, петтите одделенија од нашето училиште заедно со наставничките Благица Секуловска и Светлана Николовска реализираа четиридневна настава во природа со престој во Охрид. Првиот ден попатно беа посетени археолошкиот локаклитет Стоби и Могилата на непобедените во Прилеп, а попладневните часови беа искоритени за прошетка низ Охридската чаршија и разгледување на занаетчиските работилници. Вториот и третиот ден од престојот беа посетени сите позначајни знаменитости во Охрид: стариот дел од градот, охриското крајбрежје, Плаошник, Самоиловата тврдина, црквите Св. Јован  Канео, Св. Успение на Пресвета Богородица, Св. Софија, Античкиот театар и Куќата на Робевци, додека четвртиот ден се реализира посета на Заливот на коските и манастрирот Св. Наум. За сите посети и истражувања од оваа настава во природа учениците твореа, ликовно се изразуваа и изработија хамери. Непосредното учење претставуваше големо задоволство за учениците и беше испирација за усвојување на знаења, истражување и заедничко дружење.


 

Активности: