Филхармонија

На 21.09.2023 година, ученици од 9-то и 8-мо одделение заедно со предметниот наставник по Музичко образование Елена Владева Апостолов придружувана од предметниот наставник по Англиски јазик Фросина Димитровска, беа на концерт во Македонската Филхармонија за отворање на втората сезона на ДММ. Учениците се запознаа со творечките остварувања на познатите македонските композитори Ивановски, Лековски, Зографски и Манчев во изведба на исклучителните солисти: Маја Кастратовиќ - пијано, Златка Митева - флејта и Владимир Лазаревски - обоа, а нивниот настап со оркестарот на Македонската филхармонија беше предводен од реномираната диригентка Бисера Чадловска. Благодарност до СОКОМ и претседателот Валентина Велковска-Трајановска за прекрасно поминатата вечер.


 

Активности: