МЕСЕЦ НА КНИГАТА
Ученичката Илина Трајановска од 9а одд.ни предложи дел од слободното време да го поминеме читајќи ја книгата „Eн од Зелената фарма“. Ментор: Татјана Силјаноска-Гочкова
„Главен лик во книгата „Eн од Зелената фарма“ е едно девојче од сиропиталиште - Ен. Таа повеќе од се на светот сака да припаѓа некаде, но поради тоа што нејзините родители умираат кога таа била само мало дете тоа не се случува се додека не влезе во еден воз... Од едно несмасно девојче со огромна фантазија и желба за замислување на светот поинаков од тоа што е, таа израснува во одговорна жена која сеуште е несмасна со уште поголема фантазија. Книгата е полна со возбудливи и смешни авантури што треба да ги прочитате.“
Илина Трајановска
Пон, 30/10/2023