Меѓународен ден на толеранцијата

Денес, 16 Ноември го одбележавме Меѓународниот ден на толеранцијата. Нашите ученици испратија гласна и силна порака за подигање на свеста за почитување на човековите права, толеранцијата и дигнитетот на човекот кои му гарантираат сигурен и безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување.
Да придонесеме кон градење на општество во кое владее мирот, толеранцијата и љубовта. Во светот да нема поделби, да има многу љубов и пријателства, искрени другарувања, да има мир наместо војни, веселост и безгрижност, да има среќа наместо тага, и да царува толеранцијата и детската игра.
Ментор: Лорета Станковиќ

 

Активности: