Меѓународен ден на човековите права

Го одбележавме Меѓународниот ден на човековите права 10 декември. На овој ден во 1948 година, од Организацијата на Обединетите Нации е донесена Универзалната декларација за човековите права, која за првпат во историјата се однесува на сите луѓе во светот без оглед на пол, возраст, етничка, верска, политичка и каква било припадност. Таа претставува основа за сите останати документи за човекови права. Учениците од VIIIа на часот по граѓанско образование реализираа повеќе активности, изработија постери за човековите права, презентација, дискутираа за булингот како специфичен вид на насилство. Преку овие активности учениците испратија јасна порака: СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО! СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА!


 

Активности: