Крени глас против врсничко насилство
Од денес нашето училиште активно се вклучува во кампањата на Макпетрол "Крени глас против врсничко насилство". На учениците од предметна настава им беше оддржана првата од низата работилници, од страна на психолог/психотерапевт и специјален едукатор и рехабилитатор. Беа поделени едукативни флаери за учениците и нивните родители.
Сериозноста од постоење на врсничкото насилство е во тоа што остава трајни последици врз личноста на детето. Оттаму, отворената комуникација е најдобар начин да се заштити детето од било каков тип на насилство. Затоа сите заедно да ги охрабриме децата отворено да зборуваат на оваа тема. Кренете глас против врсничкото насилство!
Пон, 25/12/2023