УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ „УЧИЛНИЦА СО РЕТКА ДОБРИНА“

Име на проектот: УЧИЛНИЦА СО РЕТКА ДОБРИНА
Мото: ДА НАУЧИМЕ И ДА СЕ ВКЛУЧИМЕ! ДА ПОДАДЕМЕ РАКА НА ДЕТЕ СО РЕТКА МАКА!
Податоци за училиштето: ООУ „Григор Прличев“ Гази Баба, Скопје
Име и презиме на наставник: наставник ментор Сузана Танева
Одделение: III одд. (трето)
Град, држава: Скопје, Македонија
Координатори: Гордана Наумовска Трајкоска и Душица Јакимовска

Краток опис на активноста:

Активноста започна со бура од идеи на тема  „Што е нашето најголемо богатство?“. Заклучивме дека се што наведоа е важно и навистина е наше богатство. Но сепак за да играме, да другаруваме, да сакаме, да бидеме среќни, првенствено е важно да сме здрави – здравјето е наше најголемо богатство.
Преку разговор проследен со Power Point презентација учениците се запознаа со поимот ретки болести и со предизвиците со кои се соочуваат најголем број заболени. Се осврнавме на мотото „Да научиме и да се вклучиме“. Се истакна целта на активноста – да се запознаеме со ретките болести, да станеме свесни дека тие постојат во целиот свет, па и кај нас. Но многу е важно да ги разбереме и прифтиме заболените лица, да им пружиме поддршка и помош – да бидеме училница полна со добрина. Разговаравме дека февруари токму поради тоа што е редок месец - со само 28/29 дена, е месец кој е посветен на лицата заболени од ретки болести. Во знак на поддршка и ние се вклучуваме со оваа активност.
Учениците се запознаа со Синдромот Хатчинсон - Гилфорд прогерија (HGPS) - генетска болест позната како „Синдром на предвремено стареење“. Се појавува кај едно лице на секои 4 милиони лица во светот. Лицата заболени од овој синдром, на мали години добиваат лик на стари лица и обично живеат на возраст од средината на тинејџерските години до раните дваесетти.
Гостин на работилницата ни беше родител Александар Донев – стоматолог, кој на многу интересен начин (проследен со фотографии) учениците накратко ги запозна со повеќе ретки болести како: болест на странски акцент, Синдром на дрвена болест, Конгенитална аналгезија – вродена нечувствителност на болка; болести слични на супер моќи: Хипертимезија – нарушување на меморијата - супер меморија, нечувствителност на болка – вродена аналгезија, комплетно отсуство на страв – Урбах Вит болест, вампирско нарушување – хипохидротична ектодермална дисплазија, Камена болест, Врколак синдром, Танцувачка чума, Лу Гериг синдром или амиотрофна латерална склероза (Стивен Хокинг)... На крајот истакна дека битките на овие луѓе и маките се еднакво вредни како и на останатите луѓе и најмногу што можеме да им помогнеме е да ги третираме со почит.
Во вториот дел од активноста, учениците во знак на поддршка и прифаќање, изработија шарено дрво полно со добрина кое го изложивме во училишниот хол.


 

Активности: