Посета на Виталија

На 11 март, 2024г., дваесет и двајца ученици од четврто до деветто одделение заедно со наставничките Фросина Димитровска и Ива Количев, ја посетија фабриката за здрава храна “Виталија”. Посетата се реализираше како резултат на приоритетот на училиштето, поставен во годишната програма, како и истражувањето спроведено со учениците од четврто до деветто одделение за здравите навики и начинот на живеење.
Во фабриката учениците имаа можност да разговараат со нутриционист, технолог за производство на храна, непосредно да се запознаат со процесот на производство и пакување, магацинските простории за чување на суровини и нивна дистрибуција. Во текот на посетата на сите простории учениците имаа можност да пробаат од речиси сите производи, а на крај сите добија и подароци со производи од “Виталија”.

 
Активности: