Државен натпревар по вокална интерпретација

Тројца вокални солисти, ученици од нашето училиште учествуваа на натпреварот по вокална интерпретација во организација на Здружението на музички педагози (ЗМП). ОГРОМНО БРАВО за Матеа Лазаровска од 6а одделение која освои ВТОРА НАГРАДА на државниот натпревар по вокална интерпретација во организација на ЗМП кој се одржа во Прилеп! Големо БРАВО и за Анѓелина Таневска која освои ПРВА награда на општинско-регионалниот натпревар и на која “за влакно” и избега државниот натпревар, БРАВО и за Ева Јанкова која освои ТРЕТА награда на општинско-регионалниот натпревар. Честитки за нашите млади и талентирани ученици за освоените награди!!!

 
Активности: