Посета на филхармонија

На 19.09.2024 година во соработка со д-р Валентина Велковска - Трајановска, една од најистакнатите современи македонски композитори, воедно и претседател на претседателството на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), ученици од нашето училиште заедно со предметниот наставник по музичко образование Елена Владева Апостолов беа на целовечерен концерт во Македонската Филхармонија како дел од „Денови на македонска музика“. Под диригентската палка на маестро Томас Херцог (Швајцарија) на програмата беа изведени делата: Девет минијатури за симфониски оркестар од Томислав Зографски, Дијада бр. 2 за голем симфониски оркестар на Јана Андреевска, Прелудим бр. 2 / Con delicatezza од Панде Шахов, The apple t(h)ree (to the unmercanaries) за симфониски оркестар на Дамјан Темков и Disturbance за симфониски оркестар на Бојана Петровиќ Алексова. Учениците уживаа во изведба на дела од различни епохи и стилови на македонската музика, со дела од композитори од различни генерации.


 

Активности: