Посета на Македонска Филхармонија
На 22.10.2024 година дел од учениците од училишниот оркестар заедно со предметниот наставник по музичко образование Елена Владева Апостолов беа во Македонската Филхармонија на концерт по повод патрониот празник на ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј". Беа изведувани дела од познати композитори, учениците видоа најразлични изведби, клавирско дуо, камерни дуа и триа, а вториот дел од концертот беше во изведба на гудачкиот камерен оркестар ЛУЈ под диригентската палка на Ле Фи Фи, а се заврши со придружба на отсекот на народни инструменти. Учениците наши воодушевени од концертот, си заминаа со многу позитивни коментари и пресреќни лица.
Фотографиите и видеата можете да ги погледнете на следниот линк:
Вто, 24/10/2024