Безбедна сајбер зона
Во изминатиов месец во просториите на нашето училиште се реализираше проектот „Безбедна сајбер зона" во соработка со здружението Центар за социјални иницијативи Надеж а подржан од општина Гази Баба. Целна група беа ученици на возраст од 11 до 15 години, родители, членови на стручната служба и наставници од училиштето. Во рамки на активностите беа спроведени: анонимен прашалник за учениците, фокус група со ученици, фокус група со родители, наставници и стручна служба, ликовен конкурс на темата Безбедна сајбер зона. Од спроведените активности произлегоа низа заклучоци и препораки кои имаат за цел ефикасна превенција и справување со сајбер насилството.
Вто, 05/11/2024