Регионален противпожарен квиз

На 05.12.2024 година се одржа регионален противпожарен квиз во две категории, кадети и јуниори наменети за учениците од шесто до деветто одделение. Под менторство на наставникот Тоше Столески, наставник по географија на квизот учество земаа учениците: Левент Хоџиќ, Мила Блажевска и Ева Кољачкова од 8а и 8б одделение и Јана Поповска, Елена Таневска и Анѓелина Таневска од 9а одделение.
И двете категории од 9а одделение во јуниори и 8а и 8б одделение во кадети го освоија првото место од регионот Скопје 2 и се пласираа на државен противпожарен квиз.

 
Активности: