Дуќанот на Марко
Во рамките на обработката на лектирата „Шеќерната приказна“, учениците од трето одделение покажаа голема креативност и љубов кон читањето.
Нашата ученичка Илина Подолешова изработи интересен и оригинален проект – „Дуќанот на Марко“, инспириран од приказната. Со многу труд, фантазија и внимание кон деталите, таа успеа да ја претстави атмосферата од делото на навистина убав и креативен начин.
Горди сме на нејзината посветеност и на желбата на учениците преку вакви проекти да ја оживеат прочитаната приказна. Браво, Илина!





Поврзани содржини