Едукативна работилница за ретки болести со учениците од 5 одд
На ден 26.02.2026 година, во рамки на проектот „Соработка со родител – заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, во нашето училиште ООУ „Григор Прличев„-Скопје, се одржа едукативна работилница за ретки болести со учениците од 5 одделение.
Работилницата ја реализираше родителката д-р Елизабета Шуперлиска, доктор на Универзитетската клиника за детски болести, која преку прилагодена и топла презентација ги запозна учениците со поимот ретки болести, но и со важноста на разбирањето, поддршката и прифаќањето.
Преку разговор и прашања, учениците покажаа искрен интерес и емпатија, учејќи дека не секоја болест е видлива и дека секое дете заслужува почит, трпение и пријателство.
Оваа средба беше значаен чекор во градењето свест, човечност и заедништво, потсетувајќи нè дека знаењето и емпатијата одат рака под рака.
Одделенски наставници: Славица Мојсоска и Сузана Танева




Поврзани содржини