Избираме здравје, а не зависности!
Денес нашите осмоодделенци и деветтоодделенци учествуваа на едукативна работилница посветена на превенција од алкохол, цигари и дрога.
Голема благодарност до д-р Даринка Чадиевска (родител во нашето училиште), која преку стручно предавање и отворена дискусија им помогна на учениците да ги разберат ризиците од пороците.
Учениците со големо внимание ја следеа работилницата и активно се вклучија во дискусијата, покажувајќи дека се свесни за важноста на здравите животни избори.
Заедно градиме одговорна и здрава младина!
#Едукација #ЗдравЖивот #Превенција #Училиште #ЗаедноЗаДецата




Поврзани содржини