Меѓународен проект “РЕТКИ СЕ“
Училиште: ООУ ,,Григор Прличев”
Град: Скопје
Држава: Македонија
Одделенски наставник: Славица Мојсоска
Мото: ,,Мал гест, голема радост”
Месец на ретки болести – месец на големи срца.
По повод Месецот на ретки болести, во нашето училиште со учениците од 5 одделение реализиравме работилница исполнета со знаење, емпатија и заедништво. Работилницата започна со интересно и поучно предавање од докторка-родител, кое кај учениците поттикна љубопитност, разбирање и искрени прашања.
Потоа, преку креативна активност, учениците ги споија своите рачиња во различни бои на хамер – симбол на подадена рака, поддршка и прифаќање. Секоја боја претставуваше различност, а заедно создадоа едно силно и топло заедништво.
На крај, преку пораки испишани од детските срца, учениците испратија јасна порака дека секој заслужува разбирање, почит и пријателство. Реткоста не значи осаменост – кога сме заедно, сме посилни.
Нашите ученици покажаа дека емпатијата се учи, се негува и се живее.




Поврзани содржини