Меѓународен проект за наставници „Училница со ретка добрина“ - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Училница со ретка добрина 27 02 2026

Меѓународен проект за наставници „Училница со ретка добрина“

Одделенски наставник: Славица Мојсоска
Основно училиште
#ООУ „Григор Прличев“, Скопје
Македонија
Наслов на активноста: „ Мал гест, голема радост.“
Краток опис на активноста>
Цели
Да се развие емпатија и разбирање за лицата со ретки болести.
Да се поттикне креативноста кај учениците преку пишување и уметничко изразување.
Да се создаде заедничка книга со нивни творби.
Активности:
Во рамки на Меѓународниот проект за наставници „Училишта со ретка добрина“, по повод Месецот на ретки болести, со учениците од 5 одделение реализиравме едукативно-креативна работилница посветена на емпатијата, разбирањето и заедништвото.
Работилницата започна со воведен разговор и мотивација, по што следеше интересно и поучно предавање од наша родител-докторка. Преку презентација, учениците се запознаа со поимот ретки болести, нивните карактеристики и предизвиците со кои се соочуваат лицата што живеат со нив. Предавањето поттикна искрена љубопитност и активно учество, а учениците поставуваа прашања и размислуваа за значењето на поддршката, прифаќањето и човечката добрина.
Креативна работилница (20 минути)
Во продолжение, учениците пишуваа кратки прозни текстови или песни/поеми на зададена тема. Преку зборовите, тие ги искажаа своите чувства, размислувања и пораки за пријателство, разбирање, надеж и заедништво. Творештвото им овозможи да се стават во туѓа кожа, да развиваат емпатија и да ја согледаат важноста на меѓусебната поддршка.
Споделување
На крајот од работилницата, учениците ги читаа своите творби пред одделението, споделувајќи искрени и топли пораки. Сите текстови беа собрани и обединети во заедничка книга – симбол на детската добрина, гласовите што се слушаат и срцата што знаат да разберат.
Заклучок
Оваа активност беше силна порака дека зборовите имаат моќ да лекуваат, да поврзуваат и да создаваат свет во кој никој не е сам, а различноста е прифатена и почитувана.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе