Пријателство или вистина - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

debata 10 10 2025

Пријателство или вистина

На часот по граѓанско образование учениците од VIIa и VIIб одделение реализираа интересна дебата за животните вредности: пријателство и вистина
„Пријателството е поважно од вистината или вистината е поважна од пријателството?“

Двете групи аргументирано ги бранеа своите ставови – едните ја истакнаа вредноста на пријателството и поддршката, а другите важноста на вистината и искреноста во односите.

Дебатата поттикна критичко размислување, културен дијалог и почитување на различни мислења.

Учениците покажаа зрелост, тимски дух и способност за аргументирање.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе