Нашите ученици ја обележаа традицијата на нашите предци! - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Нашите ученици ја обележаа традицијата на нашите предци! 28 02 2025

Нашите ученици ја обележаа традицијата на нашите предци!

Ксантика потекнува од старомакедонкиот збор КСАНТ што значи МАРТ.

Старомакедонско празнување кое почнало да се слави пред 3000 години. Ова е празник на пролета, љубовта и природата Празнувањето се одвивало за пролетен месец ксант (Март) бил празнуван како благослов за животот кога разбудената пролетна светлина ја победува зимската темнина.

Ксантика е празник кај Античките Македонци верувале дека се случува „измивање на душите“, простување на гревовите, доминација на разбудената пролета светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец. Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа Мартинка, онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот. 

Ксантика остана незаборавена до денешно време. Ја гледаме во празнувањето на многу христијански празници. Ја гледаме во народните ракотворби, во изворноста на македонскиот вез, во монументалноста на нашите песни и ора, во звуците на народните инструменти. Ја гледаме во сјајот на пролетните цвеќиња.

Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе