Денот на гладта
17 Окт, 2019По повод одбележување на „Денот на гладта“ – 16 ОКТОМВРИ, нашето училиште во соработка со Црвен крст „Гази Баба“ зема активно учество во Кампањата „Денот на гладта“, која оваа година се одбележи под мотото „Помислете на нас“.
Учениците од ученичкиот парламент водени од страна на стручната служба во училиштето организираа продажба на бонови и собраните средства ги предадоа на општинската организација на Црвениот крст од каде ќе ни бидат доставени пакети со храна, кои ќе ги поделиме на наши ученици од социјално загрозени семејства.
Учество во акцијата земаа сите ученици од I-IX одделение.
Нашето мото е да ја развиваме хуманоста на учениците, да изградиме социјално одговорни личности кои умеат да подадат рака кога е потребно.