Концерт на камерниот оркестар “Профундис” со солисти
На 24.03.2024 година дел од учениците од училишниот хор и оркестар заедно со предметниот наставник Елена Владева Апостолов, беа во Македонската Филхармонија на концерт на камерниот оркестар “Профундис” со солисти каде што учениците се запознаа со делата на македонските современи композитори Гоце Коларовски, Гоце Гавриловски, Дарија Андовска, Фатос Лумани и Ангел Спироски. Меѓу врвните и исклучителни дела, ја слушаа премиерно во Македонија и многупати светски изведуваната “даМар” од Дарија Андовска на која и заблагодаруваме за споделувањето на заедничката слика со нашите ученици и прекрасните зборови. Концертот се одржа во рамки на Денови на македонската музика, организиран од Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ, во соработка со Валентина Велковска-Трајановска на која и благодариме за соработката и за навременото известување за концертите кои нашите ученици со радост ги посетуваат.





Поврзани содржини