Музички нумери од јубилејниот патронен празник
19 Мај, 2025Ги издвојуваме музичките нумери од јубилејниот патронен празник во кој нашите ученици блеснаа на сцената во вистинско светло! Голема благодарност до Гоце Саздов и КУД „Јонче Христовски“ кој го облече хорот, оркестарот, бувчанците и дел од глумците во народни носии, до Скендеровски Продукција, Бојана Скендеровски за соработката во прекрасната балада „Молитва“ и за неколкуте заеднички проекти во промовирање на македонската музика, Сања Ристиќ која своевремено во нејзините училишни денови во Григор ја отпеа познатата детска песна „Ех тој Тоше“ која ни беше идеја и како музичка точка и за сценариото, до градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој по завршувањето на патронатот ја објави нумерата „Послушајте патриоти“, која за рекордно време од неколку дена достигна гледаност од околу 140.000 прегледи. Се заблагодаруваме на наставниците кои вредно работеа на осмислувањето и организацијата на патронатот, благодардност до присутните гости во преполната сала: поранешни наставници, ученици, роднини, соседи, пријатели и соработници на нашето училиште. Во прилог најдолу уште еднаш и снимка од целиот патронат. Да се гледаме само за убави работи и на убави настани!