Огледалце, огледалце мое: Моите Супер-Моќи
8 Окт, 2025„Огледалце, огледалце мое, кажи ми сега ти, што го прави ова дете посебно?“
На одделенскиот час по повод детската недела, 6б одделение заедно со нивниот одделенски раководител Елена Владева Апостолов одржаа креативна работилница за ментално здравје. Наместо огледалца, ја користевме камерата од мобилните телефони за да се “огледаме” кратко надворешно, па зборувавме за нашата внатрешна убавина, запишавме позитивни комплименти за нашите другари, за нивните таленти, вештини и добри особини, зборувавме за вистинските „супер-моќи“. Дојдовме до заклучок дека секој од нас е уникатен и вреден токму поради своите посебни вештини и добри особини. Нашата самопочит не треба да зависи од огледалото, туку од тоа колку сме љубезни, паметни и добри другари.