Разбирање на Аутизмот - Секој е посебен - ООУ Григор Прличев

Разбирање на Аутизмот – Секој е посебен

autizam 02 04 2025

Разбирање на Аутизмот – Секој е посебен

Денес во нашето училиште беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со аутизам преку организирање на едукативна работилница под наслов „Разбирање на Аутизмот – Секој е посебен“.

Учениците активно учествуваа во работилницата, која имаше за цел да ја подигне свеста за аутизмот и да промовира разбирање и прифаќање на различностите. Преку интерактивни активности и дискусии, учениците имаа можност да научат повеќе за предизвиците со кои се соочуваат лицата со аутизам, како и за нивните уникатни способности и таленти.

Еден од највпечатливите моменти од работилницата беше пишувањето на пораки од страна на учениците, во кои тие изразија поддршка и емпатија кон лицата со аутизам. Заклучокот кој произлезе од овие пораки беше дека трпението, емпатијата и прифаќањето се најважните елементи во создавањето на инклузивно општество во кое секој се чувствува прифатено и вредно.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе