Трета заедничка МИО активност со ООУ „Кирил и Методиј“ - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

mio 12 04 2024 1

Трета заедничка МИО активност со ООУ „Кирил и Методиј“

На ден 12.04.2024 год. во дворот на подрачното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци се реализираше третата заедничка МИО активност помеѓу нашето училиште и училиштето „Кирил и Методиј“ како наше партнер училиште. Спортските игри полигон се реализираа на новото игралиште во дворот на училиштето. Во активноста беа вклучени ученици од второ одделение. Учениците со голема радост учествуваа во игрите и уживаа во заедничкото дружење. Со убави впечатоци си заминаа дома.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе