Да менуваме книги место рози


МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КНИГАТА

Да менуваме книги место рози

23 Април  се одбележува Светскиот ден на книгата.

На овој ден, започнувајќи од 1995 година, овој празник се слави низ целиот свет и е тесно поврзан со големите книжевни великани Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

На 23 април се одбележува и „Денот  на розите“

Оттаму и идејата да се менуват книги наместо рози!

За таа цел нашето училиште ќе спроведе акција:

,,Прочитав јас прочитај и ти” учениците и наставниците ќе можат да подарат: сликовници, книги и лектирни изданија во училишната библиотека.

Забелешка: книгите да бидат во технички солидна состојба истите ќе може да ги оставите во библиотека или кај дежурните ученици, заклучно до 28.04.2023г.

Одговорен наставник: Елена Тасевска.