Препорака од Министерството за oбразование и наука
Почитувани родители и ученици,
Стигната е препорака од Министерството за oбразование и наука во која се препорачува свидетелствата на учениците од прво одделение до 8 одделение, да ги поделиме на учениците на почетокот на месец септември, освен за учениците кои имаат потреба од нивно издавање во овој период од оправдани причини (заради префрлање во друго училиште, преселба итн). Оваа препорака Министерството за образование и наука ја дава заради моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, во насока на заштита за здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население.
Нашето училиште одлучи да ја почитува препораката.
За точните термини во месец септември ќе бидете навремено известени.
Директорот и вработените во ООУ „Григор Прличев“ Ви посакуваат среќен и убав распуст и добро здравје.
Важна информација
Важна информација за родителите на идните првачиња!
Почитувани родители,
Потврдата за стоматолошки преглед која Ви е потребна за уписот може да ја подигнете од амбулантата во Автокоманда. Потребно е претходно да се јавите на телефонски број 02/3172-926 и да си закажете термин.
Страници |